Пионерската екипа на ракометниот клуб Вардар овој викенд ќе биде дел од меѓународен ракометен турнир кој ќе се игра во скопската населба Илинден. Тимот предводен од Зоран Петковски-Зенга и Никола Бисинов овој викенд го заврши есенскиот дел во пионерската група-1 како второпласиран тим.
На истиот покрај екипи од земјава свое учество ќе земат тимови од Босна и Херцеговина. Организатор на истиот кој е втор по ред е ракометната школа Илинден Вардар од истоимената населба, предводен од брачниот пар Дарко и Александра Јанев. Оваа година на турнирот ќе настапат 20 екипи, 13 екипи во генерацијата 2002/2003 и 7 екипи во генерацијата 2006/2007. Тоа значи дека повеќе од 400 деца ќе се појават во населба Илинден за време на овој турнир.
Екипи кои ќе учествуваат на турнирот „Илинден“
Генерација 2002/2003
Група А
РК Волково – Скопје
РК Драчево – Скопје
РК Шампион – Скопје
РК Вардар – Скопје
ОРК Челинац – Лакташи, БиХ
РК Гостивар – Гостивар
РК Алушовски – Скопје
Група Б
РК Карпош – Куманово
РК Аеродром – Скопје
РК Илинден – Скопје
РК Металург – Скопје
РК Балтепе – Тетово
РК Бијелина – Бијелина, БиХ
Генерација 2006/2007
Група А
РК Гостивар – Гостивар
РК Балтепе – Тетово
РК Аеродром – Скопје
Група Б
ОРК Лакташи – Лакташи, БиХ
РК Илинден – Скопје
РК Драчево – Скопје
РК Шампион – Скопје
Сите натпревари од овој турнир, кој ќе се одржи од 21 до 23 декември ќе бидат одиграни во спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден.