Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Стоилов: Правевме многу грешки, Барселона заслужено победи
Парондо и Стоилов: Правевме многу грешки, Барселона заслужено победи

Парондо и Стоилов: Правевме многу грешки, Барселона заслужено победи

Барселона го победи Вардар и му го нанесе вториот пораз во Лигата на Шампионите. Денес наидовме на посилен противник кој имаше водство во текот на целиот меч, во еден момент Барса имаше и седум голови предност. Вардар се обидуваше да се врати, но направивме премногу грешки кои не се дозоливи кога играш со ваква екипа. На прес-конференцијата после завршување на дуелот пред медиумите се обратија тренерот Парондо и капитенот Стоилов, кои го признаа поразот од денес подобрата Барселона.

-Мораме да и честитаме на Барселона за победата. Одиграа одличен натпревар, а ние бевме под потребното ниво. Поразот е резултат на бројните технички грешки што ги направивме, како и многуте нереализирани шутеви и тоа од лесни позиции. Ова беше тежок натпревар. Моите ракометари се бореа во текот на сите 60 минути, но тоа не е доволно. За да се добие екипата каква што е Барселона грешките мора да бидат сведени на минимум. Благодарност до публиката која ни даде голема поддршка. Се надевам дека следниот викенд во Барселона ќе бидеме многу подобри, изјави Парондо.

-Барселона заслужено победи и ние им ја олеснивме задачата. Бевме во негатива од почетокот и постојано моравме да се враќаме. А кога ќе направите толку грешки, невозможно е да дојдете до позитивен резултат. Секогаш кога требаше да го направиме клучниот шут имавме проблеми. Беше тешко да се вратиме, а игравме против многу силен противник во тежок натпревар. В сабота во Барселона ќе мораме да одиграме далеку подобро, изјави Стоилов.