Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е далеку од првото место, заслужен пораз од Барса
Вардар е далеку од првото место, заслужен пораз од Барса

Вардар е далеку од првото место, заслужен пораз од Барса

Дербито на колото во Лигата на шампионите во Скопје му припадна на гостинскиот тим од Шпанија кој заслужено славеше сигурна победа против нашиот Вардар со резултат 26:30 (9:13). Овој натпревар иако се одигра пред полни трибини и фантастична атмосфера, сепак, црвено – црните играчи одиграа натпревар со многу грешки, голманите не беа на висина на задачата, исто како и стрелците – за заслужен пораз.

rkv

Првиот дел Вардар го одигра многу лошо, со повеќе од осум грешки во нападот, тим како Барселона тоа знае да го искористи и да замине на пауза со убава предност од плус четири, 9-13. Први со гол натпреварот го отворија гостите преку Мем, набргу нашиот тим израмни преку Борозан за 1-1. Се до десеттата минута нашиот тим се држеше и губеше само со еден гол негатива 4-5. Како одминуваше натпреварот така и Вардар грешеше во нападите а Барса пак, беше доминантна во нападите, па во некој моменти од мечот имаше и плус шест голови разлика. Се играше 20. минута, а Вардар имаше четири голови негатива, во нашиот тим не функционираа нападите преку Скубе и Карачиќ па често Парондо менуваше во фазата на напад. Кон крајот на 27. минута Барса дојде и до максимални на овој натпревар плус шест. Потоа Вардар влезе во кратка серија од два гола за да намали на четири негатива. До крајот на првиот дел немаше голови, па така Вардар замина на одмор со минус од четири гола.

rkv-barsa

Вториот дел започна со два гола на гостинот за одново да замине на максимални плус шест, 10-16 во 33. минута. Се играше 36. минута, а Дисингер го постигна првиот гол во дресот на Вардар за намалување на предност на минус пет 12-17. И Кисељев се запиша во листата на стрелците за однови минус од пет во 39. минута. Во продолжението од натпреварот Мем продолжи да ја “решета” мрежата на “црвено – црните” за до 40. минута да постигне шест гола. Максималната разлика од плус седум Барса ја достигна во 44. минута од натпреварот. Тука се чинеше дека натпреварот е решен. Грешките на Вардар продолжија и во продолжението од натпреварот, па така Вардар остана на минус од шест гола на 12. минути до крајот на натпреварот. Ништо не се промени и во продолжението од натпреварот, па така на девет минути до крајот нашиот тим имаше големи минус шест. До крајот на натпреварот Вардар само успеа да намали неколку голови од негативата за заслужен пораз со резултат 26:30.

Најефикасен кај Вардар беше Дибиров со 6 голови, додека Кристопанс постигна 5.