Вардаровата експедиција тргна за Шведска, каде утре не очекува мечот од 13.коло во групата А против екипата на Кристијанштад. Иако Борозан се врати на теренот на претходниот дуел со Веспрем, сепак се пожалил на мали болки, па тој ќе остане во Скопје. Тренерот Парондо истакна дека има уште неколку играчи кои се жалат на повреда, но ќе бидат со тимот за утрешниот дуел.
-Вуко Борозан има болка, а уште 2-3 играчи исто така имаат проблеми, но тие ќе патуваат и ќе играат. Размислуваме само за овој меч во сабота, и тој единствено не интересира. Кристјанштад има нов тренер и тие покажаа дека играат добро на домашен терен, сосема спротивно кога се гости. Имаат и нов тренер и затоа не знаеме што се може да подготват. Ние сме подготвени да играме онака како што знаеме.
Парондо истакна дека неговиот тим е подготвен да се врати на победите во ЛШ.
Играчите се подготвени за она што следи. Забораваме што било претходно и мислиме само на она што следи. Ќе биде секако тешко поради проблемите што ги имаме, истакна Парондо.