Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Slider > Парондо: Немаме право на грешка, мора да бидеме подобри од Загреб
Парондо: Немаме право на грешка, мора да бидеме подобри од Загреб

Парондо: Немаме право на грешка, мора да бидеме подобри од Загреб

Вардарци заминаа за Хрватска, каде утре ги очекува првиот дуел од осминафиналето во Лигата на Шампионите. Гостуваме на првиот дуел кај ППД Загреб, додека патникот во следната рунда ќе се решава за седум дена во Скопје. Вардар и Загреб добро се познаваат од мечевите во СЕХА, но и од натпреварите во Лигата на Шампионите, па така не очекува вистинско балканско дерби. Во пресрет на утрешниот дуел, тренерот на Вардар, Гарсија Парондо за официјалниот сајт на клубот го изјави следново:

Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал.

Вардар е фаворит за пласман во четвртфиналето, но Загреб ќе се обиде да изненади, од тука и претпазливоста во нашиот табор.

-Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на ЛШ. Сега не смееме да имаме грешка и мораме да бидеме подобри од Загреб, истакна Парондо.

Мечот утре започнува од 20:30 часот.