Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Каиро, каде вечерва ќе го одигра својот прв натпревар на СП. Нашата селекција се наоѓа во група заедно со Египет, кој е домаќин на мундијалот, оваа репрезентација е предводена од поранешниот тренер на Вардар, клуб со кој успеа во 2019 година да ја освои Европската титула.
Парондо е среќен за настапот на Македонија на СП, истакнувајќи дека од Скопје заминал со убави спомени
-Сакам да и честитам на Македонија за доаѓањето во Египет, но во исто време жал ми е што отпадна селекцијата на Чешка. Оваа ситуација сигурно не е пријатна за еден тренер, бидејќи со месеци се подготвувавме за Чешка , а сега ни остануваат 40 саати да анализираме сосема друг противник. Среќен сум за Македонија, имам само убави спомени од Скопје, изјави Парондо.