Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Задоволен сум од резултатот, со оглед дека имавме многу исклучувања на мечот
Парондо: Задоволен сум од резултатот, со оглед дека имавме многу исклучувања на мечот

Парондо: Задоволен сум од резултатот, со оглед дека имавме многу исклучувања на мечот

Иако во најголем дел од натпреварот имавме негатива, сепак на крајот тимот на Вардар се избори за нерешен резултат во дуелот со екипата на Брест Мешков (31:31). На дуел на кој имавме судиски неправди на шета на Вардар, сепак до самиот крај момците не се предадоа и успеаа да освојат бод од ова тешко гостување. На прес-конференцијата пред медиумите впечатоците од мечот ги сподели тренерот на Вардар, Гарсија Парондо кој го изјави следново:

-Одигравме еден добар натпревар во кој двата тима си поделија по бод. Првото полувреме мина во егал, додека во вториот дел на стартот заостанувавме премногу во однос на противникот. На случувањата на мечот влијаеја и исклучувањата кои ги добивавме, па константно бркавме негатива. На крајот, задоволен сум со ремито и со овој резултат.

Калараш не го дочека крајот на натпреварот, со оглед дека доби директен црвен картон.

-Се подготвувавме за ваков тежок меч. Среќни сме со бодот, затоа што имавме навистина тежок меч против Мешков Брест, истакна рускиот пикер во редовите на Вардар.