Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Струга подобра од Вардар Јуниор, на натпревар од Супер лигата
Струга подобра од Вардар Јуниор, на натпревар од Супер лигата

Струга подобра од Вардар Јуниор, на натпревар од Супер лигата

Екипата на Вардар Јуниор доживеа пораз во Супер Лигата, од повозрасниот и поискусен тим на Струга, на вечерашниот натпревар кој се одигра во малата сала на С.Ц. Јане Сандански.

Гостинскиот тим направи уште од стартот на мечот добра предност, која ја контролираше до крајот на натпреварот. Вардар цели десет минути беше без гол, иако имавме таква можност, но поранешниот голман на црвено-црните, Никола Кизиќ му одбрани пенал на Мартин Димов. Струга направи серија и поведе со 0:7, а првиот гол за Вардар беше дело на десното крило Димов во 11.минута од мечот.

1

Брзо го постигнавме и вториот гол преку Ален Ќосевски, а Никола Кизиќ одбрани уште еден седмерец, овој пат на Крстевски. Тренерот Петрушевски испробуваше различни варијанти и правеше ротација во составот, со цел да воспоставиме некаква резултатска рамнотежа. Со погодокот на Ќосевски на шест минути пред крајот имавме негатива од само пет гола (6:11), но до крајот на првиот дел гостинскиот тим направи серија од 0:4 и на одмор замина со високи 6:15.

2

Влеговме поцврсто во вториот дел со цел да намалиме, тоа и се случи кога со голот на Ќосевски во 37 минута намаливме на 11:18. Следеше и одбрана на Марко Кизиќ, а тоа го користиме и погодуваме преку Карапалевски за намалување на 12:18. Сепак Струга направи нова серија од 0:3 и повторно имаше највисоки девет гола (13:22) во 36 минута од дуелот. Се обидувавме да го завршиме овој натпревар со помала негатива, со два сврзани погодоци смаливме на 15:22 во 22 минута од мечот. Неколку изгубени топки во нападот им овозможија на Струга да стигнат и до двоцифрена предност (16:26) на четири минути пред крајот на мечот. На крајот триумф за Струга со резултат 19:29.

Најефикасен кај Вардар Јуниор беше Ален Ќосевски со 5 гола, додека по 3 постигнаа Никола Цветановски и Мартин Карапалевски.