Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Со трета последователна победа, кадетите на РК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната во младинската лига, денес високо совладан Пелистер
Со трета последователна победа, кадетите на РК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната во младинската лига, денес високо совладан Пелистер

Со трета последователна победа, кадетите на РК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната во младинската лига, денес високо совладан Пелистер

Кадетите на ракометниот клуб Вардар стигнаа и до трета последователна победа во рамките на младинската лига. Во малата сала на С.Ц. Јане Сандански избраниците на Андријана Будимир ја совладаа екипата на Пелистер и тоа убедливо со резултат 37:25.

Вардарци одлично го започнаа натпреварот кога му дадоа до знаење на противникот дека бодовите ќе останат во Скопје. Тргнаа фуриозно црвено-црните и поведоа со 4:0 со два гола на Калајџиески и по еден на Грујовски и Чакалиќ, а на својот прв гол екипата на Пелистер чекаше 5.минути кога и намали на 4:1. Препознатливата игра на Вардар со цврста одбрана, даваше резултат и на овој дерби дуел од младинската лига. Добар на голот беше и Стојковски, а неговите соиграчи во нападот го полнеа голот на битолчани. Со головите на Павловски и Димчевски, за прв пат на мечот имавме и позитива од шест голови (7:2) во 10.минута.

2

Голманска измена на нашиот гол при седмерец за Пелистер, Трифуновски го заменува Стојкоски и спречува пенал на гостинскиот тим. Избраниците на Зарков немаа решение за нашата добра игра, се функционираше кај Вардар кој постепено го зголемуваше водството и на 10 минути пред крајот со голот на Калајџиески имавме висока предност од 12:4. Самиот податок дека по 20 минути игра примивме само четири голови говори за нашата одлична одбрана и на овој дуел. Втор одбранет пенал во првиот дел за нашиот голман, Трифуновски, а до истекот на првите 30 минути Вардар имаше водство од 18:9.

1

Не попуштивме ниту во второто полувреме, напротив одржавме константно добра игра во текот на целиот меч. Вториот дел започна со голови на Савревски и Чакалиќ за веќе двоцифрена предност од 20:9. На голот застана и Ненад Ангеловски, но не се задржа многу, со оглед дека беше заменет од Трифуновски. Тренерот на Вардар, Андријана Будимир им даваше шанса на сите играчи кои денес беа на располагање. Видовме и неколку одлични погодоци, од кои за одбележување е цепелинот на Калајџиески и Савревски. Со нови одбрани се истакна Трифуновски, од кои повторно имаше одбранет пенал, вкупно трети за него на овој меч. Се рашутира и Андреј Пешевски кој постигна три гола, за на крајот да стигнеме до рутинска и полесно од очекувањата, нова победа со резултат од 37:25.

3

Најефикасен во редовите на Вардар беше Симон Калајџиески кој постигна 8 голови, додека Бојан Чакалиќ постигна 6. Ова беше трета победа за кадетите на РК Вардар, кои ќе “презимат„ со три победи и четири порази во рамките на групата 1 од младинската лига.

Вардар: Стојковски, Мишевски 3, Чакалиќ 6, Павловски 2, Трајановски, Ангелковски, Димитријевски 1, Србиновски 1, Грујовски 2, Трајчевски 1, Савревски 4, Пешевски 3, Димчевски 5, Мирчевски 1, Трифуновски, Калајџиески 8.