Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не се предаде, со гол на Дисингер во последниот напад, дојдовме до нерешено во Белорусија
Вардар не се предаде, со гол на Дисингер во последниот напад, дојдовме до нерешено во Белорусија

Вардар не се предаде, со гол на Дисингер во последниот напад, дојдовме до нерешено во Белорусија

Вардар успеа да извлече нерешено и бод во Белорусија. Иако судиите денеска не беа на наша страна, иако имавме минус од шест гола на 15 минути до крајот, сепак успеавме со голот на Дисингер во последниот напад да дојдеме до 31:31 и голем бод од ова тешко гостување.

Брест Мешков подобро го отвори натпреварот кога поведе со 2:0, откако Дибиров не го реализира нашиот прв напад, но со голот на Кристопанс во 5.минута од мечот успеавме да го израмниме резултатот на 2:2. Следеше период од натпреварот кога домашниот тим имаше постојана предност, која најмногу достигна до два гола разлика. И двата голмани беа расположени во првото полувреме и имаа неколку одлично одбранети зицери. Откако Пешиќ одбрани се даде шанса за Шумак да му донесе водство на својот тим од 4:2. Кристопанс денес беше расположен за игра и со својот втор гол успеа да го намали резултатот на 4:3. На сцена стапи и Милосављев кој одбрани удар на противникот, но и Пешиќ кој во два наврати од пенал му брани удар на Чупиќ и не му дозволи на Вардар да го израмни резултатот. Тоа го искористува Брест Мешков и повторно поведува со два гола предност (5:3 и 6:4). Прв гол на денешниот меч и за пикерот Калараш со кој намаливме на 6:5, а со четвртиот погодок на Кристопанс во 17 минута резултатот беше 7:6. Гледавме цврст и борбен натпревар на кој и двете екипи ја посакуваа подеднакво победата. Во игра влезе и Кристијан Дисингер и постигна два последователни голови, но само за да намалиме на 9:8. Благодарение на две одбрани на Милосављев, успеваме да израмниме на 9:9  со голот на Дибиров. Избраниците на Парондо за прв на мечот и поведоа и тоа во 27 минута, кога погоди Чупиќ за водство од 11:12. Сепак до крајот на првиот дел, домашниот тим ја врати предноста и на одмор се замина со резултат 14:13.

Вториот дел започна лошо за нашиот тим, во 33 минута домаќинот дојде до највисоки на овој натпревар плус три, 16:13. Серијата на домаќинот ја прекина Скубе со неговиот прв погодок денеска дури во 34 минута од дуелот. Со серија од 4-1, нашиот тим во 38 минута се врати на само еден гол негатива, на претходна одлична акција и цепелин во режија на Шишкарев и Карачиќ. За одбележување е 40 минута, а Вардар преку Шишкарев намали на повторни минус еден, 20:19. Но, во вториот дел откажа одбраната на Вардар, па така домаќинот скоро секој напад го реализираше за постигнати 22 гола до 42 минута. Во продолжението, се играше 43 минута, а Калараш доби директен црвен картон поради една чудна одлука на судиите од Данска. Очајната игра на Вардар во одбраната продолжи, па така во 45 минута домаќинот дојде дури до плус пет. Делуваше несфатливо, Парондо не премени ништо во одбраната, иако нашиот тим делуваше многу споро и немоќно во одбрана 6-0. И по тајм-аутот на Парондо, ништо не се смени во играта на Вардар, па така во 47 минута Брест дојде и до уште повисоки плус шест, 27:21. Со серија од три гола, во 52 минута Вардар се врати на минус три, 28-25, со четвртиот гол на Дисингер денеска. Иако Вардар успеа да се врати резултатски, сепак, со неколку крајно лоши одлуки на судиите на штета на нашиот тим, домаќинот дојде до плус три во 54 минута.  Вардар повторно се врати, во 55 минута со голот на Криштопанс дојде на минус еден 30-29. Со голот на Дибиров од пенал во 58 минута, Вардар се врати повторно на минус еден, 30-29. Сепак, домаќинот подобро ги искористи последните две минути и победи со еден гол разлика 31-30. Во последниот напад на Вардар, Дисингер храбро влезе и погоди од седум метри за 31:31 и голем бод на Вардар од ова тешко гостување.

Кристопанс постигна 8 голови, додека по 5 беа дело на Дибиров и Дисингер. Во следното коло  на домашен терен ја пречекуваме екипата на Киелце.