Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански стартуваше и 3. коло во ракометната “Јуниор„ лига. Во машкиот дел кај генерацијата родени 2004/05 година се одиграа два натпревари, на кои две победи забележа екипата на Карпош од Куманово.
Карпош во првиот дуел за противник го имаше тимот на Ангели, кој го совлада убедливо со резултат 34:8. По првото полувреме резултататот беше 19:3, откако тимот на Карпош постигнаа 11 последователни голови, а првиот погодок тимот на Ангели го постигна за да намали на 11:1. Беше и 13:2, за екипата од Куманово да направи нова серија од 4:0 и да поведе со 17:2.
На стартот на вториот дел видовме по еден гол на двете страни, за екипата на Карпош да направи нова голема серија од 12:0 и да има предност од 32:4. Рутински последни минути од дуелот за тимот на Карпош, кој слави голема победа со резултат 34:8.
Втора победа во текот на денешниот ден за екипата на Карпош, која успеа да излезе како победник и во дуелот со екипата на Урдаревски од Скопје. Уште од стартот на мечот, тимот на Карпош наметна силно темпо на игра кога поведе со 0:4. Првиот гол го постигна и Урдаревски и намали на 1:4, за нова серија да направи тимот од Карпош и да зголеми на 1:7. Како одминуваше првото полувреме, растеше водството на Карпош, имаа водство и од 3:11, 5:14 за до истекот на првите 20 минути да стигнат и до двоцифрена предност од 7:17.
Фуриозен старт имаше екипата на Карпош и во второто полувреме, овој пат направи серија од 0:10 и поведе со убедливи 7:27. До крајот на натпреварот се беше рутина за екипата од Куманово, која слави со резултат 13:33.