Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и нерешен резултат за ФК Вардар генер. “2008„ во дуелите со Драчево
Победа и нерешен резултат за ФК Вардар генер. “2008„ во дуелите со Драчево

Победа и нерешен резултат за ФК Вардар генер. “2008„ во дуелите со Драчево

По една победа и нерешен резултат за вардаровата генерација “2008„ во денешното коло од детската лига. Избраниците на Миле Крстев одиграа дуели со екипата на Драчево.

Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој ги подели бодовите со тимот на Драчево (2) играјќи со нерешен резултат од 2:2. Сите голови паднаа во второто полувреме, откако по првиот дел резултатот беше оној почетниот 0:0. Головите за Вардар на овој меч ги постигнаа Илија Митаноски и Павел Андов.

Вардар (1) стигна до нов триумф во детската лига, откако беше подобар од тимот на Драчево (1). Црвено-црните победија со резултат од 3:1. Сите дилеми околу победникот ги решивме во првото полувреме, кога имавме убедливо водство од 3:0. Три различни играчи се заапишаа во листата на стрелци на овој меч за Вардар. Тоа беа Ненад Дамјаноски, Стефан Бранковски и Арти Азизи.