Thursday ,14 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Убедлива победа за пионерите на ФК Вардар во дуелот со Ренова
Убедлива победа за пионерите на ФК Вардар во дуелот со Ренова

Убедлива победа за пионерите на ФК Вардар во дуелот со Ренова

После два последователни порази, пионерите на ФК Вардар се вратија на победите во Лигата, откако денес во рамките на 12.коло ја совладаа екипата на Ренова. Црвено-црните убедливо ги поразија “гипсарите„ со резултат 7:1.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Костовски, Радуловиќ-Величковиќ, Хасани, Трајановски, Омерагиќ (c), Речица, Туша.

По првото полувреме екипата на Вардар имаше убедлива предност од 2:0 и тоа со два гола на Азер Омерагиќ. Истите беа постигнати во 9 и 35.минута од натпреварот. И вториот дел започна со погодок на Омерагиќ за негов хет-трик на овој дуел, голгетерот на вардаровите пионери успешно стрелаше и во 44.минута од мечот. Само пет минути подоцна, вардарци успеаа да го зголемат водството на 4:0, со првиот гол денес на Далибор Костовски. Имавме целосна доминација на овој меч и создадовме голем број на шанси. “Петарда„ во мрежата на Ренова во 51. минута од дуелот, кога во листата на стрелци се запиша и нововлезениот Атом Фазлиу за предност од 5:0. Веќе следната минута, почесен гол и за гостинската екипа која го намали резултатот на 5:1. До крајот на мечот уште два гола во мрежата на тетовчани. Со вториот гол на Атом Фазлиу зголемивме на 6:1, додека конечните 7:1 беа дело на Муас Демири.

Во игра влегоа уште и Салиу, Симев, Фазлиу, Демири, Ѓорѓиевски и Величковски. Ова е седма победа за пионерите на Вардар во лигата.