Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Јуниор“ Лига: Победи за машките екипи на Ангели и Урдаревски, кај генер. 2006/07
“Јуниор“ Лига: Победи за машките екипи на Ангели и Урдаревски, кај генер. 2006/07

“Јуниор“ Лига: Победи за машките екипи на Ангели и Урдаревски, кај генер. 2006/07

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански стартуваше и 3. коло во ракометната “Јуниор„ лига. Во машкиот дел кај генерацијата родени 2006/07 година се одиграа два натпревари, на кои победи забележаа екипите на РК Ангели и Урдаревски.

На првиот дуел се сретнаа екипите на Карпош од Куманово и Ангели од Скопје, а победата убедливо им прпадна на тимот на Ангели. Само еднаш резултатот беше израмнет (1:1), по што екипата на Ангели направи серија од 0:4 и поведе со 1:5. До крајот на првото полувреме уште по еден гол на двете страни, за резултат од 2:6 на полувреме.

15 16 9

Вториот дел продолжи со два гола во серија за Ангели, кои  стигнаа до најголемо водство од 2:8. Следеше подобар период за екипата на Карпош која направи серија од 3:0 и намали на 5:8. Сепак до крајот на мечот, Ангели постигнаа шест последователни голови, додека кумановчани само еден, за конечен резултат од 6:14 на овој прв воведен натпревар од Јуниор лигата.

Во вториот натпревар кај оваа генерација силите ги одмерија екипите на Урдаревски и Карпош. Подобра беше екипата на Урдаревски, која славеше со резултат 18:12.Интересно во првото полувреме гледавме израмнета игра, со гол за гол на двете страни и ниту една од екипите немаа поголема предност од еден гол, но сепак тимот на Карпош беше тој што замина со минимално водство од 7:8 по првото полувреме.

46514360_1950087775038059_732790419347210240_n 46516305_1950087928371377_128178849363001344_n 46706031_1950087911704712_3257452846831894528_n 46959225_1950087908371379_3599582395373715456_n

На стартот на вториот дел, тимот на Урдарвски го израмни резултатот на 8:8, по што следеше нивна серија од 5:1, по што поведоа со највисоки 13:9, од тој момент екипата од Скопје се одалечи резултатски од противникот. За момент екипата од Куманово го намали резултатот на 13:11, по што следеше серија од 5:0 за највисоки 18:11. До крајот на дуелот еден гол постигна Карпош, за конечни 18:12 на овој меч од “Јуниор„ лигата.