Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Седум голови во мрежата на Ренова, пом.пионери на ФК Вардар стигнаа до седмиот триумф сезонава
Седум голови во мрежата на Ренова, пом.пионери на ФК Вардар стигнаа до седмиот триумф сезонава

Седум голови во мрежата на Ренова, пом.пионери на ФК Вардар стигнаа до седмиот триумф сезонава

Помладите пионери на ФК Вардар утрово на теренот на Академијата стигнаа до нова убедлива победа, откако беа подобри од екипата на Ренова. На овој меч, црвено-црните славеа високо со резултат од 7:0.

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниот состав: Јовчев, Давков, Марковски, Стојчевски, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Алими, Давидовски (c), Прелоговски, Г. Стојаноски, В.Стојановски.

Уште в0 10. минута од мечот го отворивме резултатот со голот на Георг Стојановски за предност од 1:0, додека десет минути подоцна и втор гол во мрежата на Ренова, дело на Грегори Давков. До крајот на првиот дел, односно во 34 минута од мечот, вардарци зголемија и на 3:0 со голот на Харун Алими.

Доминација на Вардарци и во вториот дел од натпреварот. Во листата на стрелци се запишаа и Филип Ѓорѓиевски кој зголеми на 4:0, како и Дамјан Ќосески кој му донесе висока предност на Вардар од 5:0. Во 65 и 75 минута, нови два гола во мрежата на Ренова, дело на Александро Прелоговски и Славче Живков.

Во игра влегоа уште и Живков, Петрушевски, Ќосески, Тасевски, Петковски и Мирков. Ова беше вкупно седма победа за помладите пионери на ФК Вардар сезонава.