Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) генер. “2006„ го победи Кул, Вардар (2) одигра нерешено со Драчево
Вардар (1) генер. “2006„ го победи Кул, Вардар (2) одигра нерешено со Драчево

Вардар (1) генер. “2006„ го победи Кул, Вардар (2) одигра нерешено со Драчево

Денес на терените на ФММ претпоследното коло во детската фудбалска лига го одигра генерацијата на ФК Вардар родени 2006 година. Избраниците на Филип Спасевски забележаа по една победа и нерешен резултат.

Вардар (1) го доби дуелот со екипата на Кул, на овој меч црвено-црните славеа со резултат од 3:0. Првиот директен удар кон еден од головите го имаше Аце Миовски, кој бие само во рацете на противничкиот голман. Избраниците на Спасевски беа подобрата екипа на овој дуел и на крајот заслужено победија, иако триумфот можеше да биде изразен и со поголема разлика. Втор обид кај нас имаше Нуман Ајетовиќ, кој шутира покрај голот на Кул. Вардар успеа иницијативата да ја претвори во гол, кога со перфектен удар на Алтин Алији успеавме да поведеме со 1:0.

46516606_1950059421707561_260765164100386816_n 46520134_1950059395040897_5090873032856043520_n

И после отварање на резултатот продолживме да напаѓаме, а обид со глава имаше и најмладот Мицевски, кој после нафрлена топка од десната страна, бие над голот. Се обиде повторно и Алији, но резултатот остана непроменет. За одбележување се и две одлични одбрани во првиот дел на Андреј Данстак, кој на овој меч не дозволи да биде совладан. До крајот на првиот дел за одбележување се и двата удари на Ајетовиќ, првиот заврши покрај голот, додека во вториот силно шутираше, но со крајни напори голманот одбрани и топката заврши во корнер.

46522553_1950059538374216_885067239286374400_n

Вардар доминираше и во второто полувреме од натпреварот, на кој постигнавме уште два нови гола. Првиот обид во овој дел од мечот го имаше Алији кој заврши над голот на противникот. Се обиде и Кул од прекин, но ударот оди над нашиот гол. Пред да постигнеме втор гол се обиде и Лука Митревски, но топката заврши крај голот. Марко Николовски беше играчот кој зголеми на 2:0, откако шутираше од голема далечина, топката отскокна и заврши во голот.

46519683_1950059578374212_7524889101816823808_n

За одбележување се и обидите на Алији и Митревски, како и на Мицевски, но без реализација. Во последната минута од мечот, Вардар ги постави конечните 3:0 преку Нуман Ајетовиќ.

46795878_1950059425040894_8925018169383321600_n

Вардар (2) и Драчево одиграа со нерешен резултат од 1:1. Во првото полувреме се играше изедначено со блага иницијатива на нашата екипа.За одбележување се трите шута на Михаил Танчев од кои два завршија покрај голот а еден противничкиот голман го одбрани па сепак првото полувреме заврши без голови.

Во второто полувреме повторно иницијатива на вардарци и како резултат на тоа после една нафрлена топка од корнер Михаил Танчев со глава постигна гол за водство од 1:0. Радоста кратко траеше бидејќи при една мешаница во нашиот шеснаесетник топката дојде до еден противнички фудбалер кој со добар удар по земја ја смести топката во мрежата. До крајот на натпреварот пробуваме да постигнеме гол но безуспешно па резултатот остана 1:1