Македонскиот херој кој со само 12 години успеа да го преплива Охридското езеро, Марко Пејчиноски беше специјален гостин на натпреварот од Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Кристијанштад.
На полувреме од овој дуел, кој убедливо му припадна на Вардар, капитенот на црвено-црните му додели подарок на Марко, дрес од Вардар и со тоа му ја исполни желбата на малиот херој да се запознае со Стојанче Стоилов.