Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Повторно, пет играчи на Вардар дел од составот на кадетската селекција, за денешниот дуел против Естонија
Повторно, пет играчи на Вардар дел од составот на кадетската селекција, за денешниот дуел против Естонија

Повторно, пет играчи на Вардар дел од составот на кадетската селекција, за денешниот дуел против Естонија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија денес со почеток од 11 часот по македонско време, ќе го одигра последното коло во групата, против селекцијата на Естонија. Каков и да биде исходот од овој дуел, нашите надежи ќе завршат на првото место во групата А.

На досега одиграните четири натпревари имавме исто толку победи, совладани беа селекциите на Литванија, Луксембург, Фарси Острови и Швајцарија. Овој дуел нема резултатско значење со оглед дека го обезбедивме првото место во групата и ја чекаме второпласираната селекција од групата Б, во борба за пласман во големото финале.

Селекторот Брестовац го објави списокот на ракометари, на кои ќе смета за денешниот дуел со Естонија. На истиот се најдоа и пет ракометари на Вардар. Се работи за Кизиќ, Анѓелковски, Ѓорѓиев, Карапалевски и Ќосевски.

СТРИМ>>>