Младинската ракометна репрезентација вечерва ги стартува натпреварите на ЕХФ Шампионатот, кој до 29-ти јули ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски. Прв противник ни е селекцијата на Велика Британија.
Селекторот Брестова го објави списокот на 16 ракометари, на кои ќе смета за вечерашниот дуел кој започнува од 20:00 часот. Во истиот се најдоа и четворица ракометари од редовите на Вардар. Тоа се голманот Марко Кизиќ, потоа пикерот, Стефан Атанасовски, левото крило, Иван Димитровски, додека на левата бековска позиција ќе бидат Марко Мишевски и Дејан Кукуловски.
Сите натпревари од ЕХФ Шампионатот ќе бидат пренесувани во живо (live stream) на официјалната интернет страница на турнирот (https://m20championship2018.mk).На ЕХФ Шампионатот во Скопје, Македонија се наоѓа во група со Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија.