Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: „Комити“, секоја чест за навивањето, знам дека нема да ни простите
Гачевски: „Комити“, секоја чест за навивањето, знам дека нема да ни простите

Гачевски: „Комити“, секоја чест за навивањето, знам дека нема да ни простите

По елиминацијата во првото коло од Пјуник, на својот Фејсбук профил со порака се обрати голманот на Вардар и капитен на вчерашниот натпревар Филип Гачевски. Гачевски и се заблагодари на публиката за феноменалната поддршка.

„Минатата година игравме во Лига Европа, а оваа година испаднавме во првиот круг. Имавме феноменална поддршка од трибините. „Комити“, секоја чест за навивањето. Знам дека нема да ни простите, а и не заслужуваме да ни простите. Многу ми е жал во името на целата екипа затоа што не успеавме. Ветувам дека во првенството пак ќе се бориме за титула. Фудбалот е многу чуден, ама јас верувам во моите играчи. Вардар е институција и светост. Вардар е Македонија“, напиша голманот на Вардар.