Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пет ракометари на Вардар ќе играат во полуфиналето на ЕП во Полска
Пет ракометари на Вардар ќе играат во полуфиналето на ЕП во Полска

Пет ракометари на Вардар ќе играат во полуфиналето на ЕП во Полска

По одигрувањето на вечерашните натпревари се познати патниците во полуфиналната рунда на Европското ракометно првенство во Полска. Чудни работи се случуваа вечерва, откако Хрватска се надмина самата себе и успеаа да ги декласира Полјаците на свој терен со убедливи 23:37.

По изненадувачкиот пораз на Франција од Норвешка, Скандинавците го потврдија првото место во групата, додека за останатата позиција кој водеше во полуфиналето во игра беа четири селекции. Полска ќе обезбедеше пласман во најдобите четири селекции и со пораз не поголем од четири голови разлика, со триумф на Хрватска од пет до десет гола позитива, Франција ќе беше селекцијата која одеше понатаму. Сепак ни една од овие варијанти не се оствари, туку онаа можеби најневозможната. Хрватите и го нанесоа сигурно еден од најтешките порази на Полска на големите првенства. Избраниците на Бабиќ почнаа фуриозно и имаа водство од 0:3. Првиот гол домаќинот го постигнува дури по десет минути игра. Набргу имаа водство и од 1:5 и оваа предност ја одржуваа до крајот на првото полувреме, кога на пауза се замина со резултат 10:15.

Несфатлив пад во играта на Полска во вториот дел, кога Хрватска успеаа да направи неверојатна серија од 0:8 за неверојатен резултат на семафарот од 10:23. Со два последователни погодоци на крилото Мануел Штрлек, “коцкестите“ прават предност од 13:30. Во наредниот период следи мал пад во нивната игра, што им овозможува на Полска да направи серија од 6:1, за намалување на 19:31. На пет минути пред крајот, Хрватска имаше резултат кој ги води во полуфиналето, односно три гола повеќе од потребното 21:35. Дувњак во следниот напад става точка на овој натпревар, однесувајќи ја својата репрезентација во полуфиналето. Честитки до Карачиќ и Циндриќ кои успеаа да одат понатаму и да се борат за еден од медалите.

Шпанија исто така обезбеди полуфинале, во кое ќе игра токму против селекцијата на Хрватска. Избраниците на Каденас вечерва ја совладаа селекцијата на Русија и на тој начин им закажаа дуел на Хрватите. Русија одлично го започна овој дуел поведувајќи со резултат 0:3. Шпанците вратија со серија од четири последователни гола, за прва предност на овој меч. Во наредниот период Русија повторно имаше предност и тоа на три наврати со два гола позитива, 6:8, 8:10 и 9:11. Така на полувреме заминаа со водство од еден гол разлика 11:12. Комплетен пресврт се случи во вториот дел, откако Шпанија ја презема играта во свои раце и го контролира резултатот. Во 39 минута со голот на Виктор Томас успеваат да поведат со 17:14. До крајот на мечот успеваа да ја одржат оваа предност, за на крајот да забележат триумф со резултат 25:23. Така Штербик, Македа и Душебаев успеаа да се пласираат во полуфиналето и да се борат за златото на овој мундијал.