Wednesday ,24 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Запознавање со тимот на Вил
Запознавање со тимот на Вил

Запознавање со тимот на Вил

Фк Вардар од 14 часот ќе го одигра и вториот натпревар во Анталија, а противник ќе ни биде тимот на Вил од Швајцарија. Тимот на Вил оваа натпреварувачка сезона настапува во 2 Швајцарска лига, каде моментално е на второ место на табелата со 30 бодови, односно 6 помалку од лидерот Ласане. Овој швајцарски тим е составен од неколку звучни имиња, кои во минатото имаат играно за реномирани Европски екипи. Едно од најзучните имиња на екипата е Андре Сантош. Овој 32 годишен играч од Бразил, во минатото го носеше дресот на Фенербахче и Арсенал, Сантош има одиграно и 24 натпревари за А селекцијата на кариоките. Поракај Сантош, голман на екипата е младиот и талентиран играч на Волфсбург, кој е на позајцива во Вил Патрик Древеш. Тука е, и 33 годишниот Коркмаз, кој во минатото ги има носено дресовите на славните Бешикташ, Фенербахче и Трабзон. Нам добро познати ни се и уште двајца играчи на Вил, а тоа се: Таипи – кој во минатото настапуваше во редовите на тетовска Шкендија, и повремениот репрезентативец на Македонија Самир Фазли.

Најдобар стрелец на екипа на Вил е, Сантош со 7 погодоци, и Нобре со четири. Самир Фазли оваа полусезона има запишано 11 настапи, и 3 погодоци. Инаку тимот на Вил го има вториот најдобар напад во Швајцарската втора лига, но и втората најлоша одбрана во лигата.