Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Зоран Петковски: Многу силен турнир, на кој сум презадоволен од конечниот резултат и од залагањето на моите играчи
Зоран Петковски: Многу силен турнир, на кој сум презадоволен од конечниот резултат и од залагањето на моите играчи

Зоран Петковски: Многу силен турнир, на кој сум презадоволен од конечниот резултат и од залагањето на моите играчи

Во периодот од 28-30-ти декември во Белград се играше силен меѓународен турнир за генерации родени “1998“ и “200“ година во машка и женска конкуренција. Од Вардаровите екипи настапија кадетките и кадетките, како и младинците и младинките на ракометниот клуб Вардар. Најголем успех направија младинците на Рк Вардар Јуниор, кои го освоија второто место на турнирот. Забележаа вкупно четири победи и два порази на “Трофеј Белград“. Без забележани следниве резултати:

Вардар – МРК Грачаница 20-21
Трње – Вардар 14-19

Вардар – МРК Грачаница 20-21
Трње – Вардар 14-19

Полуфинале: Вардар- Сингелиќ  26:20

Финале: Вардар- Дубрава  11:18.

-Првиот натпревар со екипата на Грачаница го загубивме несреќно, после чудните судиски одлуки, но и на наши грешки. Останатите мечеви во групата и во полуфиналето против тимовите на Трње( Загреб), Белградски Партизан, Земун и Сингелиќ ги добивме убедливо во наша корист. Во големото финале на турнирот во Белград бевме поразени од екипата на Дубрава од Загреб, каде противничкиот голман имаше речиси 20 успешни интервенции и речиси го реши победникот. Момците навистина се бореа со сето срце, го исполнивме договореното, но изостана финалната реализација.

Недостатокот на силни натпревари во домашната лига, можеби си го направија своето. Тренерот Петковски го потенцира овој важен подaток, но и изразува задоволство од прикажаната игра на неговите играчи.

-Да споменеме дека во домашното првенство за една полусезона одигравме пет натпревари, а на “Трофеј Белград“ за два дена одигравме дури шест натпревари. Дефинитивно потребни се вакви дуели, за реален напредок на сите млади ракометари. Многу силен турнир, на кој сум презадоволен од конечниот резултат, со жалење што не настапивме комплетни, бидејќи неколку ракометари за неколку месеци не го исполнија условот за возраст. Така во последните денови моравме да се откажеме од нивните услуги кои многу ни значеа, изјави Зоран Петковски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски