Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Првите слики по формирањето на ФК Вардар и РК Вардар

(ФОТО) Првите слики по формирањето на ФК Вардар и РК Вардар

Ви донесуваме фотографии од првите генерации на нашиот Фудбалски и Ракометен клуб од првата година веднаш по нивното формирање. Фотографијата од ФК Вардар е од 1948 година, а таа на ракометарите е од 1962 година .

Фк Вардар како што знаеме сите е формиран далечната 1947 година(види документ), првата година фудбалерите на Вардар се натпреварувале во првата лига на Југославија.

Најпрвин за влез во првата Сојузна Лига, Вардарци играле двомеч со Слога, од Нови Сад. 
Слога – Вардар 1:1
Вардар – Слога 2:1

x2
– Па така Вардар се пласирал во I лига. Во најсилната лига, и деби сезона, Вардар од 10 екипи, завршил на 8 место, со биланс од 5 победи, 4 нерешени, 9 порази. = 14 бодови.

Највеќе настапи во оваа сезона запишале, Кокиновски Васко (18)
Анте Андоновски (18), додека пак најдобар стрелец бил Ѓорги Цинциевски со (9) голови, и Јане Јаневски со (6) голови.

За првпат во оваа сезона Вардар играл и меѓународни натпревари:
Славија (Софија) – Вардар 0:0
Дерменџи (Џумаја) – Вардар 0:3
Вардар – Партизан (Тирана) 3:0
Вардар – Септември ( Софија) 4:0
Вардар – Септември ( Софија) 2:0.

x3

Сите знаеме дека нашиот ракометен бренд Рк Вардар е формиран далечната 1961-та година.Оваа фотографија е одма по формирањето на Вардар, односно првите генерации на Вардар, кој ја имале таа чест да играат за светиот дрес, кој денес со гордост настапува рамо до рамо со најголемите европски великани.

Вардар живее вечно!