Пионерките на Жрк Вардар го завршија првиот дел од сезоната на последното место. Иако забележавме пет порази, од исто толку одиграни натпревари, напредокот во играта на нашите млади ракометарки е очигледен. Оваа екипа ја предводи поранешниот играч на Кометал Ѓорче, Будуќност и Вардар, Драгана Пецевска која беше дел и од Македонската ракометна репрезентација.
Пионерките се натпреваруваат во групата 2, генерација родени “2000“ година. Како податок, треба да се спомене дека избраничките на Пецевска се генерација родени 2002/2003 година. Од тука произлегува нерамноправноста на натпреварување во овие младински категории, кај кои е очигледен недостатокот на доволен број квалитетни натпревари. Екипата е заедно од месец септември, кои се селктирани од ракометната школа на Вардар и на повеќето им беа први официјални дуели во лигата.
Сите резултати на пионерките на Вардар во првиот дел од сезоната:
1 коло: Овче Поле- Вардар 16:13
2 коло: Куманово- Вардар 24:13
3 коло: Вардар- Металург 7:17
4 коло: Делчево- Вардар 24:13
5 коло: Вардар- Кожувчанка 8:9