Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Андреј Петковски: Постигнавме многу добар резултат со оглед на тоа што сме најмлада екипа, но сепак во вториот дел од сезоната се стремиме кон првото место
Андреј Петковски: Постигнавме многу добар резултат со оглед на тоа што сме најмлада екипа, но сепак во вториот дел од сезоната се стремиме кон првото место

Андреј Петковски: Постигнавме многу добар резултат со оглед на тоа што сме најмлада екипа, но сепак во вториот дел од сезоната се стремиме кон првото место

Пред нас е првиот дел од сезоната во првата ракометна лига, каде се натпреварува и екипата на РК Вардар 2. Нашиот млад состав кој го предводи тренерот Зоран Петковски го заврши овој дел од натпреварувачката сезона на второто место со само еден бод помалку од екипата на Младост. Црвено-црните се дефинитвно најмладата екипа во првата лига, која е најпријатното изненадување во есенскиот дел од натпреварувачката сезона. Тие забележаа осум победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Четири голмани се дел од екипата, а еден од нив е и најмладиот член во овој состав, се работи за талентираниот Андреј Петковски.

-Мислам дека есенскиот дел  во првата ракометна лига одлично го изработивме. Постигнавме многу добар резултат со оглед на тоа што сме најмлада екипа, но сепак во вториот дел од сезоната се стремиме кон првото место. На почетокот на сезоната мислам дека од нас се очекуваше да се наоѓаме на средината на табелата, но сега по првиот дел се наогаме на второто место и мислам дека ги надминавме очекувањата.

vardarfans-andrej

-Јас лично сум задоволен од тоа што го прикажав, иако добив мала минутажа, мислам дека добро ја искористив пружената шанса, и ќе се трудам да покажам уште повеќе. Да се докажам во вториот дел односно пролетниот дел, иако сум најмлад во составот. Морам да напоменам дека имаме одлична хемија во тимот, посебно јас со постарите колеги кои одлично ме прифатија .

vardarfans-petkovski

На крајот од месец декември во годината која измина, Вардарци беа дел од силен меѓународен турнир во Белград, на кој го освоија третото место.

-Турнирот “Трофеј Белград“ за мене лично беше одлично искуство. Се натпреварувавме со измешан состав, но сепак мислам дека постигнавме добар резултат, таму бевме со Марко Кизиќ тандем и мислам дека одлично се надополнувавме. Несреќно изгубивме во полуфиналето на пенали, каде судиите имаа чудни одлуки, иако имавме реални шанси да го освоиме турнирот, но тоа е спортот,изјави Андреј Петковски.

Звонко Ивановски