Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Франција започна шампионски, Мораес Фереира не постигна гол за Бразил
Франција започна шампионски, Мораес Фереира не постигна гол за Бразил

Франција започна шампионски, Мораес Фереира не постигна гол за Бразил

Домашната селекција на Франција со убедлива победа го отвори Светското ракометно првенство кое од 11-29 јануари ќе е игра токму во оваа земја. “Триколорите“ имаа фуриозен старт на мундијалот, забележувајќи убедлива победа против селекцијата на Бразил. Победата сигурно дека беше очекувана, можеби ссе очекуваше “кариоките“ да пружат посилен отпор, но тоа не се случи.

Уште по пет минути игра, Франција имаше водство од 4:1. Бразил во следната минута за момент намали на 4:2 со голот на Тешеира, но следеше серија на домаќинот од четири последователни голови за високи 8:2. Омејер правеше чуда на голот, кој по 15 минути игра имаше 8 одбрани. Повторно Бразил постигнува еден гол, на кој Франција одговара со нови три за убедливи 11:3. До крајот на првиот дел предноста се повеќе растеше, за на полувреме да биде и двоцифрена (17:7). Серијата во првото полувреме ја затвори Порт, а Омејер имаше неверојатни 15 успешни интервенции.

Во второто полувреме продолжи во ист ритам играта на Франција, на голот застана и вториот чувар на мрежата, Винсен Жерар . Започнаа со серија од 3:0, за веќе убедливи и недостижни 20:7. Франција си поигруваше дефинитвно со својот прв противник и измамуваше воздишки и аплаузи кај присутните гледачи. Во 46 минута, Франција имаше водство и од 26:10. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 31:16.

Во составот на Бразил беше и пикерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира, кој за жал не успеа да се постигне во листата на стрелци. Тој вчера го прослави својот 23-ти роденден. Денес свои настапи ќе имаат Стоилов и Поповски со Македонија, како и Душебаев и Кањелас со селекцијата на Шпанија.