Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров, Калараш, Горбок, Шишкарев и Атман денес ќе го одиграат последниот меч на ЕП
Дибиров, Калараш, Горбок, Шишкарев и Атман денес ќе го одиграат последниот меч на ЕП

Дибиров, Калараш, Горбок, Шишкарев и Атман денес ќе го одиграат последниот меч на ЕП

Руската ракометна репрезентација која дава најмногу играчи од Вардар на ЕП, денес ќе го одигра последниот натпревар на ЕП.

Противник во рамките на 3.коло од групната фаза е селекцијата на Данска. Без оглед на исходот на вчерашниот дуел кој стартува од 20:30 часот, Русија ги загуби шанси за пласман понтаму и после овој меч ќе си ги пакува куферите за дома. Русија беше поразена на првите два меча и на тој начин ги загуби шансите за пласман на втората позиција која носи понатамошно учество.

И за денешниот дуел со Данците, селекторот Едуард Кокшаров ќе смета на петте вардарци. Дибиров, Атман, Калараш, Горбок и Шишкарев ќе го одиграат последниот дуел на ЕП.

Сигурно дека ќе имаат неколку дена одмор, по што ќе треба да му се приклучат на Вардар, кој веќе започна со подготовки за вториот дел од сезоната.

Настапите на ЕП се веќе завршени за Стоилов, Кристопанс и Кугис.