Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Комити > Комити со хуманитарна акција: Подари приказна – облечи среќа
Комити со хуманитарна акција: Подари приказна – облечи среќа

Комити со хуманитарна акција: Подари приказна – облечи среќа

*Преземено од официјалната страница на Комити Запад:

Секој од нас има облека во својот дом која не ја користи. Таа стои во плакарите и фиоките, понекогаш во подрумите. Има вредност, можеби емотивна или материјална, но нема и употребна вредност, затоа што ви е мала или голема, не ви се вклопува во стилот и слично. Таа облека некому е и тоа како потребна, може да му го подобри животот, да му го стопли пред се срцето, но и телото во овие студени зимски денови.
Испразнете ги плакарите и фиоките, исполнете се духовно знаејќи дека она што вам не ви е потребно, некому му е и тоа како потребно. Некој нема ниту плакар ниту фиока каде да го складира, но ќе биде и тоа како благодарен !
Бидете хумани и приклучете се на Акцијата “Подари приказна – Облечи среќа”, во организација на Комити, во координација и соработка со Црвениот Крст на град Скопје и “Копче”.

Облеката можете да ја донирате во кругот на Соборниот Храм Свети Климент Охридски каде ќе има специјално поставен пункт од страна на Комити Запад, и тоа:
- Во Петок, 17.01.2020г. од 12:00 до 18:00ч.
- Во Сабота, 18.01.2020г. од 10:00 до 14:00ч.

Би ви биле Благодарни доколку вашата облека ја спакувате во кутии, заштитена од надворешни влијанија и спремна за утовар и транспорт.

Приклучете се, бидете хумани. Подарете приказна, облечете си среќа !

#ПодариПриказнаОблечиСреќа #ОдКомитиЗаНародот