Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров одлучи, со петмина вардарци на ЕП, но без Горпишин
Кокшаров одлучи, со петмина вардарци на ЕП, но без Горпишин

Кокшаров одлучи, со петмина вардарци на ЕП, но без Горпишин

Селекторот на руската ракометна репрезентација, Едуард Кокшаров го објави конечниот список на играчи, на кои ќе може да смета за претстојното Европско првенство.

На списокот се најдоа пет ракометари од редовите на Европскиот Шампион, а само еден отпадна од претходниот список. На ЕП ќе патуваат Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Данилл Шишкарев, Глеб Калараш и Павел Атман, додека место во составот нема за пикерот Сергеј Горпишин.

Русија на ЕП е дел од групата Е, во која се уште и селекциите на Данска, Унгарија и Исланд. Првиот натпревар ќе го одиграат на 11.јануари против селекцијата на Унгарија.