Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пик Сегед го освои купот на Унгарија, откако во финалето го победи Веспрем
Пик Сегед го освои купот на Унгарија, откако во финалето го победи Веспрем

Пик Сегед го освои купот на Унгарија, откако во финалето го победи Веспрем

Противникот на Вардар во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, екипата на Пик Сегед успеа да го освои купот на Унгарија, откако во големото финале кое се играше во Дебрецен го победија „лутиот“ ривал, тимот на Веспрем, со резултат 27:28

Пик Сегед покажува дека се наоѓа во одлична форма, во пресрет на двомечот со нашиот шампион. Сегед во финалниот дуел на полувреме имаа висока предност од 10:17. Веспрем во вториот дел го намали резултатот, дури успеа и да изедначи, но Пик Сегед погоди во последниот напад, додека немаше многу време за избраниците на Давид Дејвис да вратат, по што мораа да се помират со пораз, а со тоа не успеаа да го одбранат и куп трофејот, кој после дури 11 години му припадна на Сегед. Најефикасен во победничкиот тим беше поранешниот вардарец, Хорхе Македа кој постигна седум голови.

Инаку ова е трет пораз во серија за Веспрем од екипата на Пик Сегед оваа сезона, откако претходно избраниците на Пастор го победија противникот и на мечевите во првенството. Ова е само доказ дека Сегед оваа година игра одличен ракомет и дека не очекува интересен двомеч во Лигата на Шампионите, победникот ќе се пласира на завршниот турнир