Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар со ново засилување, двометрашот Домен Сикошек Пелко нов пикер
РК Вардар со ново засилување, двометрашот Домен Сикошек Пелко нов пикер

РК Вардар со ново засилување, двометрашот Домен Сикошек Пелко нов пикер

Како што известија од европскиот првак, за следната сезона на пикерската позиција во Вардар ќе игра словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко (21). Договорот со него е потпишан на една сезона, со можност истата соработка да продолжи уште две сезони.

За 202 см високиот интернационалец ова ќе биде второ искуство со играње надвор од Словенија. Лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко ќе му биде соиграч на Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин.

Во кариерата Сикошек Пелко има настапувано во тимот на Брежице каде ја почнува кариерата за младинските категории. Во сезоната 2013/2014 првпат е регистриран за сениорскиот тим на Кршко, но настапува за кадетите и за младинците. Две сезони подоцна повторно се враќа во тимот на Брежице и една полусезона настапува за Добова. Од 2016/2017 е дел од тимот на Требње. Таму не доби соодветна минутажа па реши да замине во странство. Тој е ракометар што е пред вратата на сениорската репрезентација на Словенија. Во 2014 година беше дел од 30-мина што беа на поширокиот список за ЛОИ.