Генерацијата 2003 на фудбалскиот клуб Вардар во периодот од 23-27.јули ќе биде дел од меѓународниот турнир „Христо Бонев“ кој е во организација на клубот Локомотив Пловдив од Бугарија. На турнирот учество ќе земат осум екипи, меѓу кои и нашиот Вардар.
Нашите млади надежи ќе бидат дел од групата Б, во која се уште и екипите на ЦСКА 1948, Лудогорец Разград и Стеауа Букурешт. Во групата А ќе се натпреваруваат екипите на Локомотив Пловдив, Ванкувер Олимпик, Слафија Софија и Будуќност од Црна Гора.
На 23.јули е закажано свеченото отварање на турнирот, додека истиов ден ќе започнат и натпреварите. Во првото коло, црвено-црните за противник ја имаат екипата на ЦСКА 1948, додека следниот ден се среќаваме со силната екипа на Стеауа Букурешт.
Првопласираните две екипи од групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето и ќе имаат можност да се борат за големото финале на турнирот „Христо Бонев“.