Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Еден од милениците на Комити, Немања Прибак, се враќа во СЕХА-лигата, со неговиот нов тим
Еден од милениците на Комити, Немања Прибак, се враќа во СЕХА-лигата, со неговиот нов тим

Еден од милениците на Комити, Немања Прибак, се враќа во СЕХА-лигата, со неговиот нов тим

Еден од миленциите на Комити, Немања Прибак, повторно ќе имаме можност да го видиме во Скопје, но како гостин со неговиот нов тим, на натпреварите од СЕХА-лигата.

После четири сезони поминати во Бешикташ, поранешниот вардаров играч, во новата сезона ќе настапува за екипата на Војводина, која се натпреварува во СЕХА-лигата.

Прибак во два наврати го носеше дресот на Вардар, во периодот од 2007-2009 години, и од 2012-2015 година, по што замина во Бешикташ. Сигурно дека ќе биде пречекан со овации и поздравен од вардаровата публика, при неговото гостување во С.Ц. Јане Сандански.