Пикерската позиција на РК Вардар од следната сезона ќе биде изменета, со оглед на заминувањето на двајца ракометари, како и пристигнувањето на нов играч во редовите на црвено-црните.
Од претходно, екипата ја напушти полскиот репрезентативец, Патрик Валчак, кој се пресели во екипата на Спортинг Лисабон, додека повеќе член на Вардар не е ниту и Костадин Петров кој замина во тимот на Тор Акурејри од Исланд, каде тренер е поранешниот вардаров стратег, Стевче Алушовски.
Ново засилување за Вардар на пикерската позиција ќе биде Милан Лазаревски, додека од „печалба“ од Катар се враќа младиот Стефан Атанасовски. Во екипата останува и капитенот, Стојанче Стоилов.