Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Вардар ставаат крај на „љубовта“ долга девет години, русинот се поврзува со Загреб
Дибиров и Вардар ставаат крај на „љубовта“ долга девет години, русинот се поврзува со Загреб

Дибиров и Вардар ставаат крај на „љубовта“ долга девет години, русинот се поврзува со Загреб

Дали по девет години ќе дојде до крај на „љубовта“ меѓу Вардар и Тимур Дибиров, останува да видиме во следните неколку дена.

Според медиумите во Хрватска, Загреб е во преговори со Дибиров, за преселба на средината за поранешниот руски репрезентативец. Во новата сезона, црвено-црните нема да играат во Лигата на Шампионите, па Загреб е решен во своите редови да го донесе еден од најдобрите играчи на Вардар во својата историја.

Дибиров помина девет години во Вардар, период во кој освои голем број на трофеи, меѓу нив и две Европски титули од Лигата на Шампионите. Преговори има, но дали ќе дојде до официјализација на трансферот останува да видиме. Познато е дека Дибиров го продолжи договорот до 2023 година, но изгледни се шансите истиот предвреме да биде прекинат.