Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар тренира во Скопје, во сабота тест дуел со Локомотива
Вардар тренира во Скопје, во сабота тест дуел со Локомотива

Вардар тренира во Скопје, во сабота тест дуел со Локомотива

Фудбалерите на Вардар под палката на Бобан Грнчаров веќе неколку денови тренираат во Скопје и се подготвуваат за заминувањето во Охрид, каде ќе ги имаат главните подготовки пред стартот на новата сезона.

Вардарци како што рековме тренираат во Скопје, каде овој викенд ќе одиграат и еден тест натпревар и тоа против екипата на ФК Локомотива. Ова ќе биде добра можност да видиме со каква формација и тактика ќе започне Грне, а исто така на дело да ги видиме и новите играчи, кои засега се пет на број.

Стартот на новата сезона во Втората лига треба да започне некаде на средина на идниот месец. Распоредот за новата сезона се уште не е познат.

Фото: Кочо Сотировски