Сеха-лигата ќе продолжи ос одигрување на четврт-финални натпревари, а веќе се познати паровите во оваа елиминациска фаза. Вардар во 1/4 финалето за противник го доби тимот на Нексе, а патникот на завршниот турнир ќе биде познат после само еден одигран натпревар, истиот ќе се одигра во Скопје.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ 1: Татран Прешов – Веспрем
ЧЕТВРТФИНАЛЕ 2: Вардар 1961 – Нексе
ЧЕТВРТФИНАЛЕ 3: Војводина – ППД Загреб
ЧЕТВРТФИНАЛЕ 4: Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
Четврфиналните натпревари ќе се одиграат во периодот од 8-25.август, додека завршниот турнир ќе се одигра во Задар од 2-4.септември. Во случај да го елиминираме Нексе, во полуфиналето ќе се сретнеме со победникот од натпреварот меѓу Војводина и Загреб.