Вардаровиоте пионери предводени од Будимир денес гостуваа кај екипата на РК Металург-2, дуелот се одигра во салата “Круме Кепевски“ во Скопје. Натпреварот имаше типечен так за вакви дуели на нашите момци, класика, доминација на црвено-црните во сите аспекти на ракометната игра и висока победа по доминантна игра. Вардарци победија со резултат 32-8 (19-4) на овој меч.
Први со гол дуелот го отворија момците на Будимир, тие на почетокот ги затворија сите приоди кон својот гол, покажаа дека она на што инсистира нивниот тренер, пеколната игра во одбрана го изведуваат најдобро во лигата. Па тоа даде плод непримивме ниеден гол во првата половина од полувремето, но затоа дадовме полно и поведовме со високи 0-8. Во еден краток мал период противникот успеа да биде подобар, тие со два гола намалија на 2-9 и тоа беше се што прикажаа во првиот дел, нашата “машинерија“ почна да меле во продолжение. Од минута во минута го зголемувавме водството па на одмор заминавме со дури петнаесет гола повеќе од домаќинот, на одмор се замина со предност за нас од 4-19.
Вториот дел почна со по еден погодок во двете мрежи за наша предност од 5-20 на самиот почеток. Следуваа повторно минути на црвено-црните тие со серија 1-6 се одлепија првпат на високи “дваесет плус“, поведувајќи со 6-26. До крајот во воздухот “висеше“ само една непознаница, колкава ќе биде победата изразена во голови овој пат. Противникот одамна беше скршен, во последните минути само додадтно ја зголемивме предноста за да триумфираме со високи 32-8 на крајот од дуелот. Пулените на Будимир и понатака се со 100% ефект во пионерската лига, без ниту еден нерешен дуел камо ли пораз, сите мечеви ги добија со голема разлика и атакуваат кон целта , завршен турнир Ф-4.
Кај нас головите на овој дуел беа распоредени доста правилно, односно стрелци беа повеќе играчи. Савревски, Калајџиев и Димитриевски имаа по 4 гола, Мишевски, Грујовски, Србиновски и Павловски погодија по 3 пати, Жерновски, Чакалиќ и Мирчевски погодија по 2 пати, а Димчевски и Петков погодија по еднаш.