Денес во рамки на последното коло од пионерската лига во есенскиот дел РК Вардар го пречека тимот на РК Ангели од Скопје. Во еден дуел со релативно изедначено прво полувреме, и второ во кое доминиравме момците на Зоран Петковски-Зенга и Никола Бисинов дојдоа до двоцифрен триумф со резултат 22-12.
Најпрвин отворивме со погодок на Стојменов Александар за почетни 0-1, во првите 7.минути се играше тврдо и двата тима беа рамноправни, па по крајот на истата минута на семафорот стеше реми 2-2. Врзавме две одлични одбрани, а тоа го наградивме во напад со два гола, преку Андреј Петрушевски се одлепивме на 4-2 во 9.минута. Ривалот врати со иста мерка и изедначи на 4-4, но ние преку Виктор Трифуновски се вративме на два гола позитива 6-4. Од овој момент се до полувремето се играше игра гол за гол, па на пауза заминавме со два гола на нашето конто. На семафорот во салата “Јане Сандански“ стоеше 11-9 во корис на црвено-црните пионери за време на паузата.
Почетокот на вториот дел го предодреди победикот на оваа средба, противникот беше во налет, но ние умешно се браневме. Најпрвин им испорачавме два гола преку Стоименов Александар, потоа од пенал погоди Петковски Христијан, а Анакиевски Никола ја заврши серијата. Со оваа серија 4-0, момците на Петковски и Бисинов поведоа со 15-9 во 8.минута од овој период. Ривалот побара минута одмор, сепак се беше завршено. По овој момент на сите во салата им беше јасно дека оваа натпреварувачка година ќе ја завршиме со победа. Од минута во минута само ја зголемувавме предноста па на крајот победивме со двоцифрена разлика. Победата дојде со резултат 22-12 на оваа средба.
Кај нас Петковски Христијан даде 5 гола, Стојменов Александар и Петрушевски Андреј погодија по 4 пати, Спасовски Ѓорѓи дојде до бројката три.