Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) 2 јуни 2013 година, РК Вардар ја прекина доминацијата на Металург и стана шампион во преполното Кале
(ВИДЕО) 2 јуни 2013 година, РК Вардар ја прекина доминацијата на Металург и стана шампион во преполното Кале

(ВИДЕО) 2 јуни 2013 година, РК Вардар ја прекина доминацијата на Металург и стана шампион во преполното Кале

На 2-ри јуни 2013 година екипата на РК Вардар успеа да ја прекине тригодишната доминација на Металург во Македонскиот ракомет и на тој начин да стане шампион. Тоа беа сезони кога клубот од Автокоманда беше далеку финансиски помоќен од нашиот Вардар и кога голем дел од играчите на црвено-црните преминуваа во спротивниот табор. Имаше такви многумина, кои им се познати на ракометната јавност, но сепак нашиот клуб никогаш не се предаваше и на чело со Веселин Вујовиќ секогаш даваше силен отпор. Таква беше ситацијата во сезоната 2012/13 кога Вардар успеа да стане шампион на Македонија и да го врати трофејот во своите витрини.

Иако после нерешениот резултат во Струмица, против екипата на Зомимак, шансите за такво нешто беа намалени, сепак на теренот на противникот во Автокоманда успеавме да извадиме нерешениот резултат и сите дилеми да ги решаваме во своето Кале. Тој прв дуел на гостински терен заврши со нерешени 25:25, а таков епилог мечот имаше и по првото полувреме, кога беше 13:13. Иако Металург во најголем дел од натпреварот имаше водство и го контролираше резултатот, сепак црвено-црните успеаа да извадат бод, кој беше рамен на победа. Јунак на тој дуел беше Страхиња Милиќ кој го спречи последниот удар на Наумче Мојсовски, а претходно во моменти кога се “кршеше“ резултатот одбрани три удари од седум метри. Најефикасен во нашите редови беше Игор Карачиќ кој постигна 7 голови.

Втори јуни ќе биде запишан како голем ден за црвено-црното семејство. После освојување на шампионската титула за фудбалскиот клуб Вардар, целата армија на навивачи се пресели на Кале. Со нетрпение се очекуваше да започне тој натпревар, на кој влогот беше многу голем. Во салата стануваше се пожешко и пеколно, речиси и да немаше здив. На овој натпревар повеќе ја посакувавме победата и на крајот сосема заслужено стигнавме до титулата. Бодрени од Комити и публиката на Кале, нашите момци успеаа да издвојуваат триумф во натпревар кој траеше повеќе од дваипол часа. Вардар цело второ полувреме го одигра без исклучениот Абутовиќ, кој доби директен црвен картон по едно “кошкање„ со Миркуловски, како и без предводникот од клупата, Веселин Вујовиќ. Наш предводник беше повторно Игор Карачиќ кој беше најдобар стрелец со 8 погодоци. Вардарци триумфираа со резултат 22:19 и во текот на целиот меч имаа постојана предност. Со оваа победа започна една доминација на црвено-црните во Македонскиот ракомет, кои доминираат во домашните натпреварувања. На овој начин се вративме и на настапите во Лигата на Шампионите.

Да се потсетиме како беше на Кале на тој натпревар, кога славевме титула на РК Вардар.