Првиот месец во новата година ќе биде одбележан со Светското ракометно првенство кое ќе се одигра во Германија и Данска. На овој мундијал ќе настапи и Македонија, како и играчите кои се дел од Вардар.
Голманот на Вардар, Дејан Милосављев се најде на поширокиот список на српската ракометна селекција за претстојното СП. Добрите настапи на голот на Вардар му донесоа оваа сезона на Милосављев и репрезентативен повик. Србија се наоѓа во исклучително тешка група во која се домаќинот, Германија, потоа Франција, Русија, Бразили Кореја. Интересно на списокот немаше место за поранешниот “столб“ во вардаровата одбрана, Илија Абутовиќ, додека во составот се најде Мијајло Марсениќ, исто така довчерашен член на црвено-црните.