Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар го финишираа есенскиот дел на 7.место на табелата
Кадетите на ФК Вардар го финишираа есенскиот дел на 7.место на табелата

Кадетите на ФК Вардар го финишираа есенскиот дел на 7.место на табелата

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на седмото место на табелата, во кадетската Супер Лига. И пред почетокот на сезоната оваа генерација немаше шампионски амбиции, но сепак се надевавме дека може да биде сериозен конкурент на претедентите за трофејот. Сепак од тоа нема да има ништо, па во пролетниот дел, кадетите на Вардар ќе се борат за престиж и повисок пласман на табелата од моменталната позиција. Освоивме само 14 бодови на исто толку натпревари, што секако е премалку за клуб како Вардар. Забележавме само четири победи, два нерешени резултати и дури осум порази, кои не ставија во долниот дел од табелата.

3r1

Можевме сигурно подобро од моменталниот учинок, кога бевме блиску до победи и на гостувањето кај Ренова и на последниот меч од есенскиот дел кога на домашен терен “прокоцкавме„ два бода против Акад.Пандев кога во судиското надополнување си постигнавме авто гол. Три победи остваривме на домашен терен ( една од нив против лидерот Шкендија), додека единствениот триумф на гостински терен беше против екипата на Брегалница. Имаме и негативна гол разлика од пет погодоци, односно постигнавме само скромни 16 голови, додека примивме 21 гол.

Ова се сите постигнати резултати за избраниците на Златко Таневски во есенскиот дел од сезоната во кадетската Супер лига:

1 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  3:1

2 коло: Шкендија – Вардар  2:0

3 коло: Вардар – Ренова  2:1

4 коло: Вардар – Работнички  0:2

5 коло: Акад. Пандев – Вардар  2:0

6 коло: Вардар – Шкупи  0:1

7 коло: Брегалница – Вардар  0:4

8 коло: Вардар – Победа  2:3

9 коло: Њу Старс – Вардар  2:0

10 коло: Македонија Ѓ.П - Вардар  2:1

11 коло: Вардар – Шкендија  2:1

12 коло: Ренова – Вардар  1:1

13 коло: Работнички – Вардар  2:0

14 коло: Вардар – Акад. Пандев  1:1

Во купот бевме елиминирани во 1/4 финалето од екипата на Работнички. Успешно ја поминавме осминафиналната пречка, кога цо еден меч со убедлив триумф ја елиминиравме екипата на Струга Трим Лум со резултат 13:1. Споредба со бројот на постигнати голови  на овој меч со целокупниот број на погодоци во лигата, каде имавме вкупно 16. Во 1/4 финалето се сретнавме со екипата на Работнички, која се покажа како силен противник, иако постоеа шанси за елиминација на градскиот ривал. Откако на првиот меч одигран на теренот на Алумина бевме поразени со 2:0 на возвратниот дуел прикажавме добра игра, бевме далеку подобри на теренот, издвојувавме “пирова„ победа од 2:1, која не бепе доволна за пласман во полуфиналето од националниот куп.

262

Што се однесува до листата на најдобри стрелци, првото место го делат дваја играчи кои постигнаа по 7 голови. Тоа се Малик Хасановиќ и Мартин Спировски. Напомена постигнавме и еден авто гол во нашата мрежа. Ова се сите играчи кои успеаа да постигнат голови во есенскиот дел (во предвид се земаат головите од двете натпреварувања).

427 1322

1. Мартин Спировски и Малик Хасановиќ  по 7 гола

2. Леонид Игнатов 5

3. Давид Ристовски 4

4. Енсер Османи, Александар Ѓурковски, Димитар Попоски, Филип Манасиевски, Дамјан Бојковски, Божидар Митревски и Берат Зендели  по 1 гол.

Есенски шампион во лигата е екипата на Шкендија која е најсериозен кандидат за освојување на титулата, со 37 освоени бодови, додека втора е екипата на Македонија Ѓ.П која има 31 бод.