Кадетите на ракометниот клуб Вардар од 19-22 овој месец ќе бидат дел од силен меѓународен ракометен турнир кој ќе се игра во Босна и Херцеговина. Станува збор за силниот “Локомотива Куп-2018“ кој ќе се одржи во Брчко- Босна. Во нашата категорија ќе играат силни и звучни екипи како тимовите на: Веспрем, П.Сегед, Загреб, Татран, Партизан и други. Што покажува дека ова е збир на младите екипи на тимовите кои настпауваат во елитната ЕХФ ЛШ.
Момците предводени од Будимир Андријана и Ацо Станковски во вторник, 18.декември во раните утрински часови ќе заминат за Босна и Херцеговина. Составот на нашата група и нашите противници погледнете ги во продолжение, наскоро по истакнувањето на распоредот од страна на огранизаторот истиот ние ќе ви го презентираме.