Вчера на IV-Меѓународен женски ракометен турнир “Гази Баба Трофеј-2018“ во пионерската конкуренција до пехарот дојде екипата на ЖРК Вардар. Пионерскиот состав предводен од Анжела Платон и Марија Папуџуева се искачи на највисокото место на пиедесталот. Во финалето против Металург, црвено-црните девојки успаа да наметнат темпо и да победат со четири гола. Ние до пехарот дојдовме со резултат 21-17.
Вардарки покрај во екипна конкуренција доминираа и во поединечните награди, ние ги имавме најдобриот голман и најдобриот играч на турнирот. Наградата за “чувар на мрежата“ и припадна на таленираната голаманка на Вардар, Вероника Ѓорѓиевска. Исто така и најдобар играч на турнирот е нашата ракометарка, станува збор за Бојана Коцева која доби признание за одличните игри кои ги прикажа.
Погледнете го видеото од доделувањето на наградите на Вероника и Бојана и моментот на примање на шампионскиот пехар од капитенот на Вардар, Александра Коловска.