Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар со победа над Слога стигнаа до 9.место на турнирот во БиХ
Пионерите на РК Вардар со победа над Слога стигнаа до 9.место на турнирот во БиХ

Пионерите на РК Вардар со победа над Слога стигнаа до 9.место на турнирот во БиХ

Пионерскиот состав на  ракометниот клуб  Вардар се пласираше  на 9.место  на Меѓународниот ракометен турнир „Локомотива куп- 2016″ кој се играше во Брчко- Босна и Херцеговина. Најпрвин организаторот  ги информираше нашите пионери дека играат 1/4-финале, сепак неколку часа подоцна со оправдување  дека направил грешка во броењето, не рангираа  на третата позиција во групата и наместо за медали,  играме за пласман за 9. место.

Голема победа за пионерите на РК Вардар, противникот од Франција налета на разиграните Вардарци и загуби со голема разлика

Деветтата позиција на овој силен турнир  ја обезбедивме со победа против врсниците од екипата на Слога со резултат 23-16. Избраниците на  Андријана Будимир се натпреваруваа во пионерска конкуренција во која земаа учество  21 тим од 8 земји. На “нашето место“ во 1/4-финалето играше екипата на Рибола Кастел, директен конкурент на нашите пионери со која имаа еднаков број на бодови. Тие ја искористија подобра гол разлика во дуелот со УБ победувајќи го со 25-7. Помалку неспорски  екипата  УБ играше со „втор тим”, и му дозволи на на противникот високо да триумфира. Првото место на турнирот му припадна на  тимот Студентски град, кој во финалето го совлада  Веспрем со 20 – 19.