Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Филип-Вардар триумфално во Јуниор лигата со РК Урдаревски кај момците во генер.2000/01
РК Филип-Вардар триумфално во Јуниор лигата со РК Урдаревски кај момците во генер.2000/01

РК Филип-Вардар триумфално во Јуниор лигата со РК Урдаревски кај момците во генер.2000/01

Овој викенд во спортско рекреативниот центар “Кале“ во Скопје се одигра вториот дел од шесттото коло во ракометната вардарова Јуниор Лига кое почна со одигрување уште минатиот викенд. Во меч кај момците во највозрасната категорија 2000/2001 се сретнаа екипите на РК Филип Вардар и РК Урдаревски Вардар . Победници од овој меч излегоа екипата од Прилеп тимот на РК Филип Вардар. Прилепските надежи триумфираа на овој дуел со резултат 19-12.

4

Мечот со погодок го отворија играчите на РК Филип Вардар сепак скопските ракометари направија серија 3-1 и го преземаа водството, поведувајќи со резултат 3-2. Потоа на мечот имаше две изедначувања 4-4 и 5-5. Момците предводени од  Александар Таневски и Марјан Николоски прават серија 1-5 и до крајот на првиот дел поведуваат со “плус четири“. На семафорот во “Кале“ на одморот стоеше резултатот 6-10, за РК Филип Вардар.
Вториот дел почна со три гола за тимот на РК Урдаревски со кои намалија на 9-10 и со кои ја вратија неизвесноста во дуелот. Прилепчани не беа спремни да го препуштат дуелот и прават неверојатна серија 1-7 поведувајќи со високи 10-17 на пет минути до крајот на мечот. Докрајот се беше рутина се влезе во игра гол за гол двата тима постигнаа по два гола и се заврши мечот со резултат 12-19. Кај победникот прв стрелец беше со  6 гола Давид Алексовски, а 4 погодоци имаше Владимир Продановски. Кај поразените Оливер Јовчевски и Кристијан Мужовски стрелаа по три пати.