Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци и ова зимо во Анталија
Вардарци и ова зимо во Анталија

Вардарци и ова зимо во Анталија

Веќе е познат распоредот на зимските подготовки на ФК Вардар. Како што не информираа од официјалната веб страна на клубот, зимските подготовки и официјално ќе започнат на 8-ми јануари. Нашите момци според планот, ќе останат и ќе тренираат во Скопје се до 20 јануари. На 21 јануари предвидено е да се замине во топлата Анталија Турција.

На вардарци ептен им годи Анталија. Веќе неколку години по ред нашите играчи зимските подготовки ги минуваат во оваа база во Анталија. Несомнено, Анталија нуди беспрекорни услови за сите големи фудбалски екипи. Во квалитетот на терените и условите кои ги нуди Анталија, се уверивме минатите години. Исто така, во оваа база заминуваат и исклучително добри екипи. Минатото зимо нашиот тим одигра пет квалитетни пријателски средби со реномирани тимови. Според последните информации, и на овие подготовки ќе се сретнеме со рускиот прволигаш, тимот на Амкар. Во продолжение погледнете неколку фотографии од Анталија, од минатите сезони.

Во Анталија Вардар ќе биде сместен во хотел „Калиста“, познат е и распоредот на тест-мечевите

fk-vardar-antalijaamkar-vardar-2antalija-vardarfansfkvardar-antalija