Денес во салата во “Автокоманда“ се одигра мечот од пионерската машка ракометна лига. Во истиот екипата на РК Аеродром ја пречека нашата вардарова пионерска екипа. Момците предводени од Будимир подобри на овој дуел, тие победија со пресврт со резултат 19-22.
Мечот почна со два погодока на црвено-црните кои на почетокот со серија 0-2 тргнаа со водство. Домаќините успеаа да направат пресврт и со серија 7-2 поведоа пред крајот со 7-4. Нашите момци се обидоа да се вратат во продолжение игра гол за гол на одмор се замина со предност на домаќинот од 9-7.
Веројатно на полувремето одлично мотивирани од нивниот стратег Будимир момците во вториот дел тргнаа на се или ништо. Тоа подоцна им успеаа, иако домаќините со гол на почетокот поведоа со 10-7. Потоа се вклучи “црвено-црната“ машина во погон со серија 1-4 изедначивме на 11-11 и внесовме неизнесност во овој дуел. Потоа се играше израмнето во следните пет минути двата тима постигнаа по два гола, а резултатот беше 13-13. Докрајот бевме далеку поуспешни нашите момци одлично водени од клупата од Будимир се надминаа себе и победија со 19-22. Оваа гостинска победа беше одмазда за првиот дуел во есенскиот дел од сезоната, кога во една интересна завршница мечот заврши со нерешен резултат од 16:16, а ние пропуштивме победа поради судиски некоректности.
Кај црвено-црните пионери стрелци на головите беа: Мишевски имаше 5 гола колку и Димитријевски и Грујовски. Тие беа потпомогнати од Чакалиќ кој имаше 3 гола, Савевски имаше два, а по еднаш стрелаа Павловски и Димчевски.