Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар со бод од гостувањето во Струмица
Младинците на ФК Вардар со бод од гостувањето во Струмица

Младинците на ФК Вардар со бод од гостувањето во Струмица

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар ремизираа во првото пролетно коло во првенството. Тие денес на гостувањето во Струмица се сретнаа со екипата на Академија Пандев, со која одиграа нерешено 1:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Виктор Димков.

На овој натпревар се се случи за десет минути. Најпрво домашниот тим поведе во петтата минута со 1:0, додека само пет минути подоцна, или во десеттата минута Димков го израмни резултатот на 1:1. Овој резултат на крајот се покажа и како конечен.

Тренерот Марковски стартуваше со следниве 11-сетмина: Трајчевски, Т.Тодоровски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Колевски, Димитровски, Најдоски, Стојчевски.

Во игра во второто полувреме влезе уште и Ердон Даци. Во второто пролетно коло, црвено-црните се домаќини на Пелистер, каде ќе се обидат да стигнат до првиот триумф оваа пролет.